Ваљадолид ја продолжи победничката серија – Димитриоски меѓу најдобрите играчи!

Тимот на Ваљадолид, каде што играат македонските интернационалци Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски, ја продолжи победничката серија и остана во игра за пласман на европска сцена.

Ваљадолид во натпревар од 20. коло на Асобал лигата го совлада Бенидорм на гостински терен со 30:28, забележувајќи ја четвртата победа во низа, односно 10-та во тековната сезона.

Левото крило Димитриоски беше меѓу подобрите во победничката екипа. Натпреварот го заврши со четири погодоци од пет обиди и уште еднаш покажа дека се наоѓа во одлична форма.

Со новата победа, Ваљадолид се наоѓа на 6. позиција, со 24 бода на свое конто. Исто толку бодови имаат и Гранољерс и Бидасоа, додека по 25 бода имаат Адемар Леон и Торелавега. Првопласираната Барселона е недостижна со 34 бода.