В четврток во просториите на Ракометната федерација на Македонија ќе се изврши ждрепката за полуфиналните двојки во Купот на Македонија.
Ждрепката за Ф4 турнирите во двете конкуренции е закажана за 12:00 часот, а осумте екипи ќе ги дознаат своите ривали.
Во машка конкуренција, на Ф4 ќе играат бранителот на трофејот – Вардар, како и Еурофарм Пелистер, Алкалоид и дебитантот Тиквеш.
Кај дамите, на Ф4 ќе играат бранителот на трофејот – Куманово, како и Ѓорче Петров, Вардар и Чаир.
Завршните турнири во двете конкуренции ќе се играат од 17 до 19 мај во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.