Узунчев нема повреда, ќе биде подготвен за следните мундијалски предизвици

Иако во прв момент изгледаше дека се работи за нешто сериозно, сепак Димитар Узунчев ќе биде спремен за следните натпревари во Полска.

Десниот бек кој е важна алка во играта на Македонија, ќе биде подготвен за следните мундијалски предизвици.

Тој доби удар во коленото на средбата со Романија, лошо згазна, па мораше да го напушти теренот.

За Македонија следува пресметка со Исланд во групната фаза, а потоа уште четири средби за разигрување за пласман.

Натпреварот со Исланд се игра на 21 јуни в сабота во „Арена Катовице“ со почеток во 14:00 часот.