Тажна вест вечерва пристигнува од Германија. По победата на Фленсбург против Монпелје во рамките на Лигата на Европа, еден гледач кој присуствувал во салата се онесвестил непосредно пред почетокот на натпреварот.
И покрај брзата реакција на медицинските служби и укажаната итна помош, домашниот навивачи починал кога мечот веќе започнал.
Ова беше исклучително тежок момент за сите присутни во салата. Во текот на целиот натпревар владееше речиси целосна тишина. Публиката остана мирна и достоинствена, свесна за трагедијата што се случуваше.
Ракометната заедница повторно е погодена од ваков трагичен настан, откако во 2024 година, полски новинар почина за време на финалето на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн, исто така по ненадеен здравствен проблем среде натпревар.























