Хрватска го совлада Луксембург со 30-20, но убедливата победа падна во сенка, поради тешката повреда на Звонимир Срна.
Тој на полувреме беше префрлен во болница, откако настрада во дуел со еден од противничките ракометари. Срна доби удар во вратот и на паркетот почна да искашлува крв, па предизивика голема паника меѓу присутните.
Откако му беше укажана лекарска помош на теренот, итно е пренесен во болница, а утринава стигнаа нови информации за неговата состојба.
Според РТЛ, страдаше гркланот на Срна, се уште не се чувствува добро и се стратува дека се работи за скршеница, па ќе биде потребна операција.
Хрватите со шест победи на шест меча против Белгија, Луксембург и Чешка се пласираа на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.