Утре почнуваат олимписките квалификации – пласман ќе бркаат две балкански селекции!

Утре со натпреварот меѓу Германија и Алжир ќе започнат квалификациските натпревари за Олимписките игри, кои во периодот од 26 јули до 11 август ќе се одржат во Париз.

На утрешната програма ќе се одиграат сите дуели од трите групи, а свој настап ќе имаат двајцата членови на Еурофарм Пелистер, десниот бек Нејц Цехте и голманот Урбан Лесјак.

Цехте и Лесјак со репрезентацијата на Словенија се наоѓаат во првата група, а за ривали ги имаат Шпанија, Бахреин и Бразил. Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат настап на најголемата спортска манифестација.

Пласман на Олимписките игри ќе брка и репрезентацијата на Хрватска, која на Европското првенство во јануари одигра под своите очекувања. Избраниците на Сигурдсон во Хановер ќе се борат против Германија, Австрија и незгодниот Алжир.

Распоред на утрешните натпревари:

Група 1 (Грањолерс)

18:30 Шпанија – Бахреин

21:00 Словенија – Бразил

Група 2 (Хановер)

17:45 Германија – Алжир

20:15 Хрватска – Австрија

Група 3 (Татабања)

18:30 Норвешка – Португалија

21:00 Унгарија – Тунис