По Сара Цветановска, уште една ракометарка која долго време ги бранеше боите на Куманово, Сузана Зечевиќ, реши да ја продолжи кариерата во големиот ривал Металург Автокоманда.
Зечевиќ е црногорска интернационалка и беше меѓу најдобрите стрелци во тимот на Куманово минатите неколку сезони, а сега треба да биде голем адут и на тренерот Јулијана Дамчевска.
Претходно Металург Автокоманда ги договори Слободанка Кицеска, Ива Божиноска, Анастасија Николовска, Петра Јершек, Ана Марија Коларовска, кои играа во Ѓорче Петров и Сара Ристовска, која доаѓа од Вардар, како и Сара Цветановска од Куманово.
Договорите беа продолжени со голманката Софи Гошевска, десните крила Мина Ѓурческа и Марија Гугуљанова, левите крила Сара Миновска и Јана Ѓошевска, кружните напаѓачи Ивана Димоска и Александра Коловска, како и левите бекови Таида Беровиќ и Марија Јанкуловска.
Металург Автокоманда минатата сезона го освои второто место и играше на Ф4 во Купот на Македонија, а претстојната сезона покрај на домашна сцена, ќе биде активен и во ЕХФ Европскиот Куп.