Откако остана без Симон Питлик на долго време, бундеслигашот Фленсбург доби уште една непријатна вест од клупските доктори.
Десниот бек Кај Смитс исто така ќе биде надвор од ракометните терени на неодредено време, веројатно поради срцевите проблеми поради кои паузираше неодамна.
За време на рутински преглед поради здравствената историја на Смитс, некои параметри биле со покачени вредности, а тоа ќе придонесе за нови испитувања.
Тоа значи дека холандскиот репрезентативец нема да биде дел од решавачки битки во Лигата на Европа и на важните дуели за националниот тим во квалификациите за ЕП 2026.