Младинската репрезентација на Македонија ја очекува настапот на Мундијалот во Полска, а денеска ги заврши мини подготовките во Маврово.
Избраниците на Раде Стојановиќ тренираа пет дена, а од списокот на патници отпаднаа Дамјан Митев, кој не се појави на подготовките и како што објави РФМ, причината за отсуството е повреда.
Претходно поради повреда отпадна Самоил Ристевски, а за Полска нема да патува ниту голманот Марко Трајков.
Македонија ќе има тест натпревар во Полска в недела, а во прелиминарната фаза ќе игра против Исланд, Фарски Острови и Романија.