Меѓу низата легендарни имиња кои ова лето заминаа во играчка пензија, ќе стои и името на шпанскиот дефанзивец Виран Морос.
40-годишниот Шпанец последните две сезони ги мина во швајцарскиот Фади Винтертур, а имаше спектакуларна кариера.
Освои три титули во Лигата на шампионите со Сиудад Реал и Барселона, а со националниот тим освои осум медали на големите натпреварувања. Три од нив беа златни – на ЕП 2018, ЕП 2020 и СП 2013 година.
Морос потекнува од Барселона, играше за Теукро, Адемар Леон и Сиудад Реал во Шпанија, како и за францускиот ПСЖ, германскиот Фуксе Берлин и швајцарскиот Винтертур.