Уште еден бисер од битолската школа – Андреј Георгиев со животна партија во ЛШ!

Десното крило Андреј Георгиев беше најдобар стрелец во тимот на Еурофарм Пелистер на полуфиналниот дуел од квалификацискиот турнир за Ф4 во Лигата на шампионите.

Битолчани победија со 24-23, а Георгиев успеа да погоди 12 пати или половина од головите на неговиот тим, од кои десет беа во првото полувреме.

Кадетскиот репрезентативец кој има 16 години и минатата сезона играше на четири меча во ЛШ против Келце, Динамо Букурешт, ГОГ и Барселона.

Георгиев минатата сезона стана шампион во кадетската лига на Македонија, а оваа сезона игра и во кадетскиот и младинскиот шампионат.

Во кадетска конкуренција Георгиев е втор стрелец и на 12 меча досега даде 107 гола, додека во младинска, десното крило е на четвртото место и на 17 меча има 128 погодоци.

Еурофарм Пелистер ја доби драмата со Алборг – ќе игра за Ф4 во Лигата на шампионите!

Мацанковски му кажа СТОП на Алборг и стана МВП!