Уште четири тренинзи во Скопје, па слободен ден за Бадник и пат за Винтертур

Maкедонската репрезентација ја очекуваат уште четири тренинзи во Скопје, пред слободниот ден за Бадник и патот за Винтертур.

Денеска ќе се тренира еднаш, утре два пати, а задутре еднаш пред слободниот ден што ќе го добијат ракометарите за Бадник.

Рано наутро за Божиќ, македонската експедиција заминува за Цирих, а оттаму ја чека краток пат до Винтертур, каде ќе се игра „Жолтиот Куп“.

Од 8 до 10 јануари ќе се играат натпреварите со Бахреин, Украина и Швајцарија, а на 11 јануари следува патот за Хернинг.

Таму првиот натпревар се игра на 16 јануари против Данска, а потоа следуваат Португалија и Романија.