По комплетирањето на четвртото коло од квалификациите за ЕП 2026, четири селекции го „чекираа“ билетот за континенталниот собир што ќе се одржи во јануари идната година во Данска, Шведска и Норвешка.
Тоа се Исланд, Хрватска и Словенија, кои досега немаат ниту еден, како и Португалија која има три победи и едно реми. Покрај триото организатори, директно место на ЕП 2026 има и европскиот првак Франција.
Остануваат уште 16 слободни места за континенталниот собир, а во трка по нив 27 селекции, откако Словачка досега не освои бод и ги загуби сите шанси.
Квалификации за ЕП 2026, распоред и табели:
група 1
- Словенија 8 (135:106)
- Литванија 6 (119:111)
- Македонија 2 (117:132)
- Естонија 0 (109:131)
Литванија – Словенија
Естонија – Македонија
Словенија – Естонија
Македонија – Литванија
група 2
- Унгарија 7 (127:11)
- Црна Гора 5 (122:121)
- Финска 4 (99:107)
- Словачка 0 (113:123)
Словачка – Унгарија
Финска – Црна Гора
Унгарија – Финска
Црна Гора – Словачка
група 3
- Исланд 8 (129:97)
- Грузија 4 (101:103)
- Босна и Херцеговина 2 (95:104)
- Грција 2 (95:116)
Босна и Херцеговина – Исланд
Грузија – Грција
Исланд – Грузија
Грција – Босна и Херцеговина
група 4
- Шпанија 6 (122:112)
- Италија 6 (137:121)
- Србија 4 (121:109)
- Летонија 0 (114:152)
Италија – Шпанија
Летонија – Србија
Шпанија – Летонија
Србија – Италија
група 5
- Хрватска 8 (136:94)
- Чешка 4 (103:103)
- Белгија 2 (94:110)
- Луксембург 2 (91:114)
Луксембург – Чешка
Белгија – Хрватска
Хрватска – Луксембург
Чешка – Белгија
група 6
- Фарски Острови 5 (128:119)
- Холандија 4 (136:136)
- Украина 4 (140:128)
- Косово 3 (110:131)
Украина – Холандија
Косово – Фарски Острови
Фарски Острови – Украина
Холандија – Косово
група 7
- Германија 7 (128:107)
- Швајцарија 5 (123:125)
- Австрија 4 (112:114)
- Турција 0 (118:135)
Швајцарија – Германија
Турција – Австрија
Германија – Турција
Австрија – Швајцарија
група 8
- Португалија 7 (142:116)
- Полска 4 (123:128)
- Романија 3 (115:120)
- Израел 2 (110:126)
Израел – Полска
Романија – Португалија
Израел – Португалија
Полска – Романија
На ЕП 2026 пласман обезбедуваат прво и вторпласираните од осумте групи, како и најдобрите четири од осумте третопласирани. За нив во табелата ќе се пресметуваат бодовите освоени на натпреварите само со прво и второпласираните селекции.
Петтото и шестото коло од квалификациите е на програмата на 7/8 мај, односно на 11 мај, кога сите натпревари ќе се играат од 18:00 часот.
*со црвена боја се означени селекциите што се пласираа на ЕП
*со сина боја се означени селекциите што се на чекор до пласман на ЕП
*со зелена боја се означени селекциите што се остануваат со шанси за пласман на ЕП