QF2 - Portugal vs Germany, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Baerum Oslo, Norway, 29.01.2025, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Ушчинс останува верен на Хановер

Еден од најдобрите млади ракометари во светот и репрезентативец на Германија, Ренарс Ушчинс, иако е посакуван во многу клубови, сепак, ќе остане во Хановер.

Десниот бек, кој ја предводеше Германија до сребро на ОИ во Париз, предвреме го продолжи договорот со бундеслигашот, па така во Хановер ќе игра уште најмалку две сезони.

22-годишниот ракометар со Хановер имаше договор до летото, 2026 година, а поради добрата соработка беше решено да остане уште една сезона.

Ушчинс во Хановер пристигна од Магдебург, а пред неколку дена беше избран за најдобар ракометар во Германија за 2024 година.

Хановер за следната сезона планира мали промени, но речиси сите главни играчи ќе останат во тимот на Кристијан Прокоп.