Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од 6 коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе му гостува на европскиот шампион Магдебург, кој се уште нема загубено бод оваа сезона.
Натпреварот меѓу Магдебург и Еурофарм Пелистер ќе го судат Унгарците Биро и Киш, додека делегатка ќе биде Бојиќ Чачиќ од Хрватска.
Овој дуел е закажан за утре, 23 октомври во „Гетек Арена“ во Магдебург во вечерниот термин со почеток во 20:45 часот.