Србија не се пласираше во втората фаза од Европското првенство, но во главната рунда на континенталниот собир имаше двајца Срби – тоа се бековите на Унгарија, Зоран Илиќ и Андреј Пергел.
Интересно е што двајцата потекнуваат од исто место – Сента, Зоран е десен, а Андреј лев бек. Освојуваа медали во младинските категории, а Илиќ oдамна веќе игра на големите натпреварувања, но Пергел го имаше дебито за сениорите на Унгарија.
Овој 22-годишен лев бек на ова Европско првенство за првпат настапува за сениорската селекција. Како дете, беше селектиран од Унгарците во нивната ракометна академија, од каде што Србија досега успеа да го „врати“ само Урош Борзаш под своето знаме.
Пергел настапуваше за Веспрем и Татабања, а моментално е член на Логроњо во Асобал лига. Дали Србија го посакала во своите редови, засега не е познато.
Ниту Зоран Илиќ, ниту Андреј Пергел не се првите Срби кои настапуваат во дресот на Унгарија. И во минатото, Унгарците ги „украдоа“ Ненад Пуљезевиќ, Никола Еклемовиќ, Милорад Кривокапиќ, Стефан Сунајко, Бојана Радуловиќ…

























