Репрезентацијата на Унгарија е првиот финалист на Светското младинско првенство во Македонија.
Унгарија во полуфиналето за ривал ја имаше репрезентацијата на Холандија и успеа да триумфира со четири гола разлика, 28:24 (15:12).
Младинките на Унгарија во финалето, кое ќе се одигра в недела, ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Франција и Данска.
Најефикасна во победничката репрезентација беше Леа Фараго со шест погодоци, пет додаде Анико Ковач. Кај Холандија прво име беше Дона Бакер со осум погодоци.
Како што е познато, македонската репрезентација настапот на младинскиот Мундијал го заврши на 16. позиција.