Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од првото коло во Лигата на Европа.
Натпреварот меѓу Вардар и Сесвете ќе го суди мешана судиска двојка од Украина и Литванија.
Станува збор за Денис Новиков и Миндаугас Гателис, додека делегат ќе биде Словенецот Леополд Калин.
Натпреварот меѓу Вардар и Сесвете се игра утревечер во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.