Тимот на Тиквеш активно работи на формирањето на играчкиот мозаик за наредната сезона во која ќе влезе со големи амбиции.
По тренерот Драган Марковиќ, и двете крила Дарио Кофилоски и Мартин Димовски, кавадарчани го промовираа четвртото засилување – Данило Осадчиј.
Станува збор за украински кружен напаѓач (24/199/106), кој доаѓа од Асобал лигата, каде го носеше дресот на Уеска, а потпиша договор на две сезони со Тиквеш.
Осадчиј потекнува од Запорожје, играше за Мотор Политехника, потоа две сезони за Донбас, една за Мотор Запорожје, кога овој клуб играше во Втората Бундес лига.
Минатото лето замина во Шпанија, настапи на 30 натпревари за составот на Уеска.