Украинецот Дмитро Горига стана македонски државјанин – деновиве добива и пасош

Во иднина Вардар ќе може да смета на уште еден странски ракометар во тимот на натпреварите бидејќи Дмитро Горига доби уверение дека добил македонско државјанство. Со истото ќе може да побара и македонски пасош, кој веројатно брзо ќе го добие.

Горига втора сезона игра во дресот на „црвено-црните“, што значи дека нема шанси наскоро да заигра за репрезентацијата на Македонија. Вардар бараше тој да добие македонско државјанство, со цел да може да смета на него за натпреварите во Лига Европа.

Како Украинец, Горига има проблем со патувања низ Европа, а со македонскиот би патувал без проблеми.

Во Македонија постои правило дека во домашното првенство секој клуб има право да пријави во составот максимално странци. Во разигрувањето за титулата тој број ќе биде девет.

Вардар во вторник е домаќин на Сесвете, а потоа патува во Франција кај Тулуз.