Украина со Турченко, Акименко, Комок…на ЕП – против Македонија првиот тест

Селекторот на машката репрезентација на Украина, Вадим Бражник, го објави списокот на ракометари за Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Бражник избра 18 ракометари меѓу кои се наоѓа и најискусниот Захар Денисов, а има уште неколку ракометари на кои треба да се обрне внимание.

Во прв ред тоа е левиот бек Игор Турченко од францускиот Лимож, како и десното крило од Динамо Букурешт, Андреј Акименко.

Украинците ги имаат и искусната голманска двојка Комок и Терехов, а на списокот на Бражник се уште и Близњук од Карвина, Онуфриенко од Целје, Бурзак од Островија…

Украина ќе биде ривал на Македонија на турнирот во Винтертур и ќе тестира против Бахреин и Швајцарија, а на ЕП е во група со Франција, Норвешка и Чешка.