Селекторот на женската репрезентација на Украина, Борис Чижов, го одреди составот за настапот на Европското првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија.
По смртта на Ирина Глибко, Украина остана без лидерот, па селекторот Чижов ќе се потпре повеќе на млади сили со неколку искусни ракометарки.
Настапот на ЕП поради повреда го откажа и десното крило Евгенија Левченко, но тука се искусната голманка Балог, бековите Компаниец, Горилска и Самбатиан…
Украинките ќе тестираат против селекциите на домаќинот Унгарија и Словачка од 22 до 24 ноември пред настапот на ЕП.
Тие ќе бидат дел од групата што ќе се игра во Инсбрук и ќе играат против селекциите на Германија, Исланд и Холандија.