Украина остана без селектор на три дена до натпревар

Женската репрезентација на Украина ќе има нов селектор, откако денеска остана без Виталиј Андронов, кој долго време беше на клупата.

Андронов на два дена пред денешниот собир испратил писмо до федерацијата дека се повлекува од функцијата, па нема време за реакција и за барање на долгорочно решение.

Првично, селекторското место и беше понудено на Олга Передери, која му беше асистент на Андронов, но таа не прифати, па изборот падна на Борис Чижов.

Искусниот стратег ќе ја води репрезентацијата на двете квалификациски средби за пласман на ЕП 2024 против Израел.

Покрај кадровските проблеми, Украинците имаат и играчки проблеми. Отсутни за овие два меча ќе бидат Евгенија Левченко, Ирина Глибко, Дарија Кот, Дијана Дмитришин, Марина Коновалова, Марија Гладун, Марина Маркевич…

На списокот од 18 ракометарки за двомечот со Израел има дури девет нови имиња во споредба со составот што играше на СП 2023 и оној што ја елиминира Македонија претходно во бараж двомечот.