QF2 - Portugal vs Germany, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Baerum Oslo, Norway, 29.01.2025, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Удар за Спортинг – Кико Кошта во аут на неодредено!

Најдобриот млад ракометар од последното Европско првенство, десниот бек Франциско Кошта, ќе паузира од ракометните терени на неодредено време.

Португалскиот репрезентативец преку социјалните мрежи ја најави повремената пауза, а причината е повреда.

Засега не е познато за каков тип повреда станува збор, но отсуството на младиот Кошта ќе биде голем удар за Спортинг и португалската репрезентација.

Спортинг во последното коло од Лигата на шампионите ќе се соочи со Висла Плоцк и има големи шанси да обезбеди директен пласман во четвртфиналето.

Португалија за време на ЕХФ неделата ќе ги одигра двата квалификациски натпревари со Полска за пласман на ЕП 2026.

Избраниците на Переира квалификациите за континенталниот собир ги стартуваа со победа над Романија и Израел.