Удар за Хрватска: Мартиновиќ и Срна го пропуштаат двомечот со Чешка!

Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, ќе има големи проблеми со составот пред двомечот со Чешка од квалификациите за ЕП 2026.

По пензионирањето на триото Карачиќ, Дувњак и Пешиќ, од комбинација отпаднаа двата стартни бекови – левиот Звонимир Срна и десниот Иван Мартиновиќ.

Срна се повреди на дуелот со Колстад од Лигата на шампионите, има повреда на задната ложа и ќе биде во аут најмалку месец дена, па ќе ги пропушти и најважните средби на Загреб против Алборг и Келце.

Мартиновиќ пак го повреди десното колено на дуелот со Гумерсбах и ќе паузира неколку недели.

Тоа значи дека поголема шанса на бековските позиции можеби ќе добијат Јосип Шарац, Тин Лучин и Лука Ловре Кларица на двомечот со Чешка.