На денешниот конгрес на Медитеранската ракометна конфедерација, Македонија беше примена во медитеранското семејство како полноправна членка, информираа од РФМ.
Конгресот на Медитеранската конфедерација се одржа во рамките на изборниот конгрес на Меѓународната ракометна федерација во главниот град на Египет, Каиро.
Македонија досега имаше статус на придружна членка, но од 2025 е примена како полноправна членка покрај Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Алжир, Египет, Шпанија, Португалија, Мароко…
Наредната година во февруари, на Медитерански шампионат во Приштина ќе играат пионерките, а ист ќе биде случај и со кадетите во април во Словачка.
Сениорите ќе бидат дел од Медитеранските игри во август во италијанскиот град Таранто.

























