Левиот бек Дмитро Горига ќе продолжи да го носи дресот на Вардар најмалку уште една сезона. Иако за него постоеше интерес од неколку странски клубови, меѓу кои и Белин и Веспрем, ракометарот кој е еден од најдобрите играчи на „црвено-црните“ и во македонската лига се согласил да остане во Македонија и да ја продолжи соработката со Вардар.
Речиси два месеци траеја разговорите меѓу Горига и клубот, но договорени се сите детали за продолжување на соработката. Клубот би требало наскоро да го официјализира останувањето на клучниот играч за следниот период. Пресудно за одлуката на Горига да остане биле плановите на скопјани повторно да бидат фактор во европските купови. Затоа и прават екипа од сериозни имиња и засилувања. Сезонава вардарци веќе се пласирани во главната фаза од Лига Европа, и имаат добри шанси да стигнат најмалку и до ТОП 8. Во домашното првенство се лидери, и имаат отворен пат за враќање на титулата по пауза од три години.
Горига пристигна во Вардар како веќе афирмирано име, со искуство од настапи во повеќе европски лиги, а во Скопје брзо се вклопи и стана стандарден дел од тимот. На повеќе натпревари беше меѓу најефикасните поединци на теренот, а со својот физички профил и удар од далечина донесе дополнителна димензија во нападот на „црвено-црните“.
За Горига сериозен интерес покажале неколку клубови, кои имале и високи финансиски понуди, но играчот решил да остане во Скопје. Со задржувањето на Горига, Вардар обезбедува континуитет на една од најважните бековски позиции, а македонскиот шампион ја задржува основата на тимот пред новите предизвици во домашните и европските натпреварувања.
Иако клубот се уште не ги официјализиран имињата кои в година ќе ги бранат боите, веќе е јасно дека повеќе од 80 отсто екипата е веќе составена, и дека костурот останува ист.


























