Ракометните клубови следната недела ќе добијат дополнителни пари од државата, како дополнување на овие средства што досега беа префрлени. Станува збор за околу 90 милиони денари кои Министерствот за спорт ги обезбеди од сопствени средства и ќе им бидат доделени на клубовите.
Оваа убава вест им беше соопштена на членовите на Собранието на РФМ пред почетокот, кога претседателот Александар Стефанов го најави, а го дополни Борко Ристовски, министерот за спорт.
За ракометот се наменети околу 30 милиони денари, и тие ќе бидат поделени на клубовите. Дополнителни пари клубовите и спортисите ќе добијат во јуни и јули кога ќе има ребаланс на буџетот. Министерот за спорт, Борко Ристовки им соопшти на клубовите дека се обезбедени пари, кои се како дополнување.
„Ја разбирам целокупната ситуција во спортот, но треба да бидеме свесни дека има нешто и нас мене и оваа влада и затоа Министерството за спорт од сопствени средства, обезбеди 90 милиони, за помош на сите споротв колективни. Најголем дел од тие околу 30 милиони денари ќе одат за помош на клубовите, изјави Ристовски.
Распределбата на тие средства ќе оди во соработка со РФМ во однос на тоа кому му се најпотребни.


























