Убава шанса за шампионот – Ѓорче Петров двапати дома со Елче!

Македонскиот шампион Ѓорче Петров ќе има убава шанса за пласман во осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп.

Противникот на „лавиците“, шпански Елче, прифати двете средби од третото коло да ги одигра во Скопје.

Двата натпревари веќе се закажани за 8 и 9 ноември во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ од 12:00 часот.

Ѓорче Петров го пропушти второто коло, но налета на незгоден ривал во третата рунда на третото по ранг европско клупско натпреварување.