Тутенкоски и наредната сезона ќе го брани голот на Струга

Тимот на Струга го задржа и голманот Дамјан Тутенкоски, кој ќе продолжи да ја чува мрежата на екипата и во новата сезона.

Тутенкоски беше еден од клучните играчи во минатогодишниот успех на тимот, кој преку бараж натпреварите избори пласман во македонската Суперлига.

На многу мечеви токму Тутенкоски се покажа како клучот на успехот, а добар голман е „половина екипа“. Тој потекнува од струшката ракометна школа.

Покрај него, стружани веќе обезбедија потпис и од Наум Костов, десно крило кое доаѓа од редовите на Охрид.

Претходно беа продолжение соработките со Војо Кљеноски, Ненад Костоски, Филип Талевски и Филип Пајкоски.