Женската кадетска репрезентација на Македонија по два порази од Словачка и Германија, запиша прв бод во последното коло од групната фаза и ја продолжува битката за пласман од 13 до 24 место.
Следни ривали на македонските девојки ќе им бидат Шведска и Турција, кои не успеаја да стигнат до главната рунда во група со Данска и Шпанија.
Првиот натпревар од оваа група е против Турција на 4 август од 12:00 часот, додека вториот дуел со Шведска е на 5 август од 12:00 часот.
На табелата во оваа група Шведска е прва со 2 бода, Македонија и Португалијад се на делба на второто место со по 1 бод, додека Турција нема бодови.
Најдобрите 14, односно 15 селекции ќе се пласираат на СП 2026 за кадетки, чиј домаќин се уште не е одреден.