Тунис има нов селектор

Туниската ракометна федерација официјално соопшти дека e постигнат договор со францускиот стратег Тјери Анти, кој ќе ја преземе селекторската функција на машката репрезентација на Тунис и се обврза на договор на две години.

Новиот селектор зад себе има богата тренерска кариера и работеше во неколку познати клубови, меѓу кои Нант, ПСЖ, Кретеј, Шарт, Спортинг Лисабон…

Анти со екипата на Нант ја освои титулата во француската лига, играше финале во Лигата на шампионите и два пати финале во Европската лига, а со истиот клуб четири пати го освои Купот на Франција. Во два наврати беше прогласен и за најдобар тренер во Франција.

Главната цел на Анти ќе бидат добри настапи на СП 2027 и Африканското првенство 2028 и обезбедување на место на ОИ 2028.

Претходно Тунис го имаше Патрик Казал на селекторската клупа, а Анти ќе биде нов Европеец на кормилото, откако претходно беа и Тони Херона, Ален Порт, Зоран Живковиќ, Сеад Хасанефендиќ…