Тулуз со домашна победа го пречекува Вардар во Лига Европа

По трите порази по ред, два во домашното првенство и еден во Лига Европа, ракометарите на Тулуз победија, 35-23 против Истр, и тоа токму пред следниот меч кога го пречекуваат Вадрдар. За Тулуз ова е само трета победа во првенството на Франција и по 7 одиграни натпревари се на 10. место на табелата.

Нивниот противник, Истр е на претпоследното место и им асамо еден освоен бод, па овој триумф на Тулуз беше „очекуван“. Двоцифрениот триумф беше „запечатен“ во вториот дел кога беше надмината границата од десет гола.

Голманот Летенс имаше 17 одбрани и успешност од 53 отсто, а Немања Илиќ постигна 7 гола, исто колку Урош Којадиновиќ.

На 21 октомври Тулуз е домаќин на Вардар во второто коло од групната фаза на Лига Европа. Мечот е закажан за 18,45 часот. Во првото коло Тулуз дома загуби од Кристијанштад со 28-30, додека Вардар со 34-29 го победи Сесвете во Скопје.