Тулуз го „среди“ Лимож пред двобојот со Вардар

Ракометарите на Тулуз во победничка атмосфера ќе допатуваат во Скопје за дуелот со Вардар од Лигата на Европа.

Избраниците на Данијел Анѓелковиќ славеа на тешкото гостување кај составот на Лимож со 35-30.

Иако гостите губеа со 15-14 по првиот дел, сепак направија пресврт во второто полувреме и ги однесоа бодовите од Лимож.

Блескаше левото крило Немања Илиќ со 13 погодоци, а голманот Џеф Летенс имаше 14 интервенции.

Натпреварот меѓу Вардар и Тулуз се игра во вторник од 18:45 часот во салата „Јане Сандански“, а исходот нема да има важност околу пласманот на македонскиот вицепрвак во ТОП 16, но ќе има значење на кое место „црвено-црните“ ќе завршат на крајот на оваа фаза.