Трпевска најдобар стрелец, одлична партија за Стефаноска, Петковска во трето коло

Изминатиот викенд низ Европа беа одиграни голем број на натпревари во Лигата на Европа и во Европскиот Куп во женска конкуренција.

Македонскиот првак Ѓорче Петров загуби во првиот меч од Лигата на Европа кај шведскиот Хорс и ќе има тешка задача за пласман во третото коло, каде веќе го чека францускиот Париз.

Фредрикштад се пласираше директно во групната фаза уште од второто коло по откажувањето на Нант. Норвешкиот тим двапати на домашен терен го совлада швајцарскиот Цирих, а ист беше случајот и со чешкиот Мост кој оди во третото коло по двете победи на турскиот Јенимале.

Блиску до трета рунда се Вац, Бломберг, Дижон, Кобержице…а интересно ќе биде на реваншите каде Валчеа ќе брани два гола во Словачка, односно Бера Бера против Мадеира.

Лига на Европа, второ квалификациско коло, резултати:

Јенимале (Турција) – Мост (Чешка) 31-55, 34-44
Венло (Холандија) – Вац (Унгарија) 22-37
Фредрикштад (Норвешка) – Цирих (Швајцарија) 33-21, 28-20
Хорс (Шведска) – Ѓорче Петров (Македонија) 29-21
Бломберг (Германија) – Црвена Ѕвезда (Србија) 39-24
Дижон (Франција) – Хипо (Австрија) 42-26
Кобержице (Полска) – Јаликавак (Турција) 36-27
Валчеа (Романија) – Дунајска Стреда (Словачка) 28-26
Бенфика (Португалија) – Бера Бера (Шпанија) 28-30

Во Европскиот Куп, Металург Автокоманда е пред елиминација, додека Чаир има убава шанса за прогрес по гостинскиот триумф кај Керженг од Луксембург.

Македонската репрезентативка Драгана Петковска и италијанскиот Салерно имаа двомеч дома со ВИФ од Фарски Острови и со вкупна победа од пет гола одат понатаму.

Косовскиот Феризај кој е предводен од Зоран Петковски беше поразен два пати на гостински терен кај шпанскиот Ваљадолид, a Славија Прага на Ангела Јанкуловска, која не се запиша во листата на стрелци славеше во првата пресметка со словенчката Ајдовшчина.

Ивона Трпевска беше најдобар стрелец со шест гола на мечот против нејзината Далматинка Плоче и босанскиот Борац, кој заврши со минимална победа на хрватската екипа.

Матеја Серафимова имаше четири одбрани на мечот кој нејзиниот Штокерау убедливо го загуби од српскиот Железничар на домашен терен и се наоѓа пред елиминација.

Составот на Кур од Азербејџан, каде игра Леонора Рахмани, беше елиминиран по двата порази на гости кај грчкиот Јонијас, а поранешната членка на Чаир постигна седум погодоци на двомечот.

Српската Јагодина, каде што играат Сара Стефаноска и Јана Равојска, славеше убедливо во првиот меч против босанскиот тим Хаџиќи, а Стефаноска беше втор стрелец со осум погодоци.

Симона Василева и босанскиот Груде следниот викенд ќе ги играат двата меча со кипарскиот Неолеас.

Европски Куп, второ коло, резултати:

Јагодина (Србија) – Хаџиќи (Босна и Херцеговина) 34-22
Салерно (Италија) – ВИФ (Фарски Острови) 27-21, 26-27
Криваја (Босна и Херцеговина) – Унирек (Холандија) 25-35, 27-30
Ваљадолид (Шпанија) – Феризај (Косово) 39-12, 40-18
Бриксен (Италија) – Порињо (Шпанија) 21-36, 16-34
Гарлијава (Литванија) – Ериче (Италија) 24-31
Гарабах (Азербејџан) – Диферданж (Луксембург) 27-24, 26-25
Азераил (Азербејџан) – Галичанка Лвов (Украина) 22-36, 16-32
Славија Прага (Чешка) – Ајдовшчина (Словенија) 34-30
Кројцлинген (Швајцарија) – Јувента Михаловце (Словачка) 24-27
Ојпен (Белгија) – Хаукар (Исланд) 16-38, 17-30
Гореле (Турција) – Металург Автокоманда (Македонија) 36-28, 34-37
Кинзварт (Чешка) – Литија (Словенија) 32-22
Жалгирис (Литванија) – Валур (Исланд) 17-31, 28-34
Кур (Азербејџан) – Јонијас (Грција) 25-32, 22-32
Сао Педро (Португалија) – Дусло Сала (Словачка) 28-25, 28-30
ГАС Артас (Грција) – Мадеира (Португалија) 20-30, 23-30
Керженг (Луксембург) – Чаир (Македонија) 24-26
Понтинија (Италија) – Малага (Шпанија) 25-32
Румс Јагс (Австрија) – Ацгерсдорф (Австрија) 19-27, 25-30
Бјеловар (Хрватска) – Ускудар (Турција) 26-32
Далматинка (Хрватска) – Борац (Босна и Херцеговина) 24-23
Дуделанж (Луксембург) – Венеко Вело (Холандија) 22-17
Кристијанштад (Шведска) – Вестфрисланд (Холандија) 32-23
Штокерау (Австрија) – Железничар Инџија (Србија) 27-38
Шпоно Иглс (Швајцарија) – ПАОК (Грција)
Тиват (Црна Гора) – Бурса (Турција)
Истогу (Косово) – Пилаја (Грција)
Колехио Де Гаиа (Португалија) – Самадреџа (Косово)
Х71 (Фарски Острови) – Лација (Кипар)
Неолеас (Кипар) – Груде (Босна и Херцеговина)
Панорама (Грција) – Гниезно (Полска)