Трпевска и Далматинка им се вратија на победите

Екипата на Далматинка, во која настапува Ивона Трпевска, во натпревар од 3. коло од хрватскиот шампионат славеше против Зрински со шест гола разлика, 32:26.

Далматинка во претходното коло беше поразена од Бјеловар, а на стартот од сезоната триумфираше над Осијек.

Трпевска во дадената минутажа на теренот постигна два погодоци, додека нејзината колешка Ива Буле беше најефикасна со осум погодоци во мрежата на гостите.

Следен предизвик за клубот на Трпевска ќе биде гостувањето кај екипата на Сплит.