Македонските арбитри Методија и Михајло Илиевски, ќе имаа многу работа на европските терени во следниот период.
Битолчаните ќе судат на два меча од втората рунда од машкиот Европски Куп, како и на еден дуел од квалификациите за ЕП 2024 година во женска конкуренција.
Тие ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу Бугарија и Црна Гора што се игра на 15 октомври во градот Шумен од 16:00 часот.
ЕХФ ги делегираше браќата Илиевски и на двомечот меѓу босанската Вогошча и косовскиот тим Трепча, а двата дуели ќе се играат во Босна и Херцеговина.
Првиот дуел е на програмата на 20 октомври од 19:00 часот во салата „Амел Бечковиќ“, додека вториот е на 22 октомври на истото место од 17:00 часот.