Тројца охридски „бисери“ пријавени во Супер лигата и ЕХФ Европскиот Куп!

Амбициозниот клуб Охрид започнува ново поглавје со целосно освежен тим и јасна стратегија за иднината. Под водство на новиот тренер Борис Ројевиќ, искусен стратег од Србија, клубот влезе во подготовките за сезоната 2025/26 со сериозни амбиции.

Покрај ангажманот на квалитетни засилувања, охриѓани не ги забораваат ниту своите млади таленти. По потпишувањето на професионален договор со младиот бек Илија Трајчески, кој веќе тренира со првиот тим, управата на клубот пријави уште тројца ракометари од младинската школа за настап во Супер лигата и Европскиот Куп.

Шанса за настап во сениорскиот состав ќе добијат Бојан Крстевски (голман, 17 години), Матео Сиљановски (среден бек, 17 години), Христијан Пупунцоски (лево крило, 17 години).

Охрид ќе ги одработи базичните подготовки во домашни услови, а во склоп на подготвителниот период ќе настапи и на неколку силни турнири. Потврдено е учеството на традиционалниот Струшки турнир, како и на турнирот „Крсте Андоновски“, на кој Охрид ќе има и улога на домаќин.