Новиот селектор на машката ракометна репрезентација на Србија, Раул Гонзалез, го објави својот прв официјален список на играчи на кои ќе смета за претстојната ЕХФ недела.
„Орлите“ ќе се соберат на 27 октомври во Белград, по што ќе заминат во Лозница, каде ќе ги одработат подготовките пред пријателскиот натпревар со Словенија, закажан за 31 октомври во салата „Лагатор“.
На списокот меѓу другите се најдоа и тројца играчи од македонската Супер лига – Дарко Ѓукиќ од Охрид, Урош Митровиќ од Вардар и Урош Борзаш од Автокоманда.
Овој дуел ќе биде важен тест за Србија пред претстојните квалификациски и натпреварувачки предизвици, меѓу кои и Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска.