Tројца „Македонци“ на списокот на Хота Гонзалез

Селекторот на машката репрезентација на Полска, Хота Гонзалез, повика тројца ракометари од македонското првенство за ЕХФ неделата.

Гонзалез на првичниот список сметаше на десните бекови Марек Марчињак од Вардар и Анжеј Видомски од Еурофарм Пелистер, а потоа имаше дополнителен повик за уште еден.

Кружниот напаѓач Виктор Јанковски и се приклучи на репрезентацијата, откако Мачеј Гебала од Ерланген откажа поради повреда.

Од Полјаците што играат во Македонија, голманот Милош Валах не доби повик од Гонзалез.

Полска во оваа ЕХФ недела на 31 октомври ќе одигра пријателски натпревар на домашен терен против селекцијата на Чешка.