Тројцата интернационалци од Еурофарм Пелистер 2 – Алем Хаџиќ, Богдан Мијушковиќ и Василије Печурица, ќе тренираат со првата екипа на битолчани.
Тие денеска ги стартуваа подготовките, но дали ќе продолжат да настапуваат во првиот тим, останува да видиме.
Левиот и среден бек Хаџиќ одигра одлично особено во вториот дел од сезона и се работи за голем потенцијал на босанскиот ракомет.
Пелистерци ќе се подготвуваат во Битола и на Златибор, а потоа ги чекаат настапи на турнирите во Струга и Добој.