Трофеј Македонија: Ја прифаќаме фаворитската улога и свесни сме за тоа

Со Тунис одигравме брзо, со трчање, со доста полуконтри и контри, и се надтрчувавме со ривалот. Водевме постојано, на крајот и разлика од седум гола, 34-27.

Ни недостасуваа повеќе ракометарки, од различни причини, па на терен ги немаше Саздовска, Маџовска, Ристовска, Петковска, Мицевска… Но, младите добро се покажаа.

„Навистина сме физички спремни, па зошто да не прифатиме и таква игра. Можеме да трчаме, имаме ростер и добра ротација, вели Кристијан Грчевски, селекторот на Македонија.

Договорот меѓу репрезентациите е на секој меч да може во составот да има 18 ракометарки. Македонија на првиот на трибините ги остави Софи Гошевска и Теодора Дукоска.

„Ќе пробаме да направиме сите да играат, имаме два играчи повеќе на овој турнир, но сите ќе играат, некои на еден, некои на друг натпревар. Не можам да кажам ништо конкретно за Египет и за Грција, допрва ќе ги анализираме, вели Грчевски.

Со победата сега Македонија има шанса и е поблиску до трофејот. Веќе сме фаворити.

„Јас го прифаќам тоа и играчите исто. Свесни сме за тоа. Навистина ќе биде добро да победиме, за тоа што ни следува понатаму, смета Грчевски.

Денеска во второто коло Македонија игра со Египет од 20:30 часот.

Дамјаноска: Оваа победа ни е како “ветер во грб“

Грчевски: Сите ракометарки добро ја искористија шансата

📷 „Новата Македонија“ има штоф – Тунис е штиклиран, следен е Египет