Триото пивоти останаа верни на Вардар

Тимот на Вардар ги задржа трите ракометарки кои минатата сезона настапуваа на пивотменската позиција.

Михаела Велјаноска, Ива Кимовска и Нина Попова ги продолжија соработките за уште една сезона и ќе го носат „црвено-црниот“ дрес и понатаму.

Претходно раководството на Вардар го договори останувањето и на голманскиот квартет – Илиќ, Ѓорѓиевска, Галачева и Хасаноска.

Вардар оваа сезона заврши на петтото место и нема да игра во ЕХФ Европскиот Куп, а во Купот на Македонија стигна до завршниот турнир.