Тимот на Драчево Јуниор ќе има најмалку три промени во играчкиот кадар по есенскиот дел на сезоната во Првата лига.
Клубот се раздели со дефанзивецот Антонио Николоски, десниот бек Ѓорѓи Дука и средниот бек Стефан Кочаров.
Кочаров и Николовски дојдоа во Драчево Јуниор ова лето но одиграа само една полусезона, додека Дука долго време беше дел од овој клуб и еден од најдобрите стрелци.
Драчево Јуниор е на третото место на табелата со 20 освоени бодови во Првата лига, зад лидерот Младост Богданци кој има 24.
























