Трио од Македонија на списокот на Урош Зорман за ЕП

Селекторот на машката репрезентација на Словенија, Урош Зорман, го објави поширокиот список на ракометари пред Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Меѓу 35 ракометари се наоѓаат и тројца што настапуваат во македонскиот шампионат во тимовите на Вардар и Еурофарм Пелистер.

Станува збор за левиот бек Ник Хенигман и за организаторите на играта, Јака Малус и Домен Тајник, а сите тројца ќе имаат силна конкуренција да се изборат за скратениот список на Зорман.

Словенија има група по мерка со Швајцарија, Црна Гора и Фарски Острови, па би требало да обезбеди место во главната рунда на ЕП 2026, иако ниту еден од ривалите не треба да биде потценет.