Тројца ракометари од Македонија што имаа забележетилени настапи на кадетското Европско првенство во Црна Гора имаа уникатна можност.
Ѓорѓи Николовски, Дамјан Митев и Марин Крстевски присуствуваа на кампот „Почитувај го својот талент“ заедно со уште 27 ракометари од Европа кои беа меѓу најдобрите на континенталното првенство.
Тие имаа можност да работат во неколку тима со познати имиња од светскиот ракомет – Љубомир Врањеш, Вид Кавтичник, Карлос Прието, Виран Морос и Ханс Линдберг.
Учеа за многу работи надвор од теренот – исхрана на врвните спортисти, однесување со медиумите, патот до врвот…
Покрај нив тројца, за МВП на натпреварите што ги играше Македонија на ЕП беа избрани и Самоил Ристевски, Марко Димовски и Петар Илиевски.