Амбициозниот словенечки тим Тримо Требње денеска официјално ја отвори новата сала, за чиј проект беа издвоени 6.000.000 евра.
Требње кое има 3.900 жители, доби модерна сала, каде што со монтажните трибини ќе може да собере повеќе од 2.000 гледачи.
Салата се наоѓа при основното училиште во Требње, а покрај целосното реновирање, беше доградена и уште една помала за повеќе намени. Таа ќе се користи за футсал, кошарка, одбојка и мини ракомет, а во објектот има и теретана.
Досега своите натпревари екипата на Тримо ги играше во гратчето Мокроног, а од денеска ќе се врати на својот терен. Прв меч ќе биде против Горење Велење од Купот на Словенија.


























