Тримо на Стојановиќ со нова победа во Словенија

Екипата на Тримо Требње, која е предводена од македонскиот стартег Раде Стојановиќ, ја продолжи победничката серија во словенечкиот шампионат.

Избраниците на Стојановиќ во натпревар од 16. коло за ривал го имаа незгодниот Кршко и со одличната игра во вториот дел дојдоа до триумф од 32:27.

За Тримо Требње ова беше 6-та последователна победа во најквалитетното натпреварување во Словенија, а во претходното коло совладан беше актуелниот шампион Горење Велење

Тримо Требње сега на табелата е позициониран на 3. позиција, моментално, има 24 бода, додека Целје и Слован се наоѓаа на првото, односно второто место.

Следен предизвик за тимот на Стојановиќ ќе биде гостувањто кај Крка, тим кој има амбиции за излез на европска сцена.