Актуелниот селектор на машката младинска репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, заедно со неговиот Тримо Требње запишаа нова победа во словенечкиот шампионат.
Тримо Требње во натпревар од 17. коло за ривал го имаше незгодниот Ормож и успеа да триумфира убедливо, победи со 16 гола разлика, 40:24.
Избраниците на Стојановиќ новите бодови ги освоија уште во првиот дел, кој го добија со 20:11 и рутински ги одработија вторите 30 минути.
За тимот на Стојановиќ ова беше 12-та победа на домашна сцена и со денешниот триумф е на минус еден бод од Слован Градец и на минус два бода од актуелниот лидер Целје, кој има натпревар помалку.
Сега за Тримо Требње следува пауза, а шампионатот во Словенија ќе продолжи на стартот на месец февруари, 2025 година.