Тримо на Стојановиќ држи чекор со водечките во Словенија

Тимот на Тримо Требње, кој е предводен од македонскиот стартег Раде Стојановиќ, запиша важна победа во словенечкиот шампионат.

Во рамки од 12. коло, избраниците на Стојановиќ за ривал ја имаа екипата на Горица и без многу проблеми обезбедија победа од осум гола разлика, 35:27.

За Тримо Требње ова беше седми сезонски триумф и со новите бодови го зголеми бодовносто салдо, сега со 16 бода се наоѓа на 4. позиција на табелата.

Следен предизвик за тимот на Стојановиќ ќе биде гостувањето кај незгодниот Градец, тим кој што моментално е шестопласиран во Словенија.